Архитектура и градба - категорија

павилјон повеќе

мн. павилјони
Вид збор: Именка, машки род
Просторија или зграда предназначена за излагање експонати од изложба и др.
Англиски: pavilion Албански: pavijon
Просторија или зграда за продавање на извесни стоки.
Англиски: pavilion Албански: pavijon
Mала зграда, обично дрвена, во парк, предназначена за некои одредени цели (за одмор, починка во планина, парк, градина).
Англиски: gazebo Албански: belveder, tendë

пагода повеќе

мн. пагоди
Вид збор: Именка, женски род
Вид градба на будистички храм во Индија, Кина, Јапонија и др.
Англиски: pagoda

палат повеќе

Види и: палата (ж.)
мн. палати
Вид збор: Именка, машки род
Владетелски дворец.
Англиски: palace Албански: pallat
Богаташка куќа.
Англиски: palace Албански: pallat

палата повеќе

мн. палати
Вид збор: Именка, женски род
владетелски дворец
Англиски: palace Албански: pallatë,
Голема зграда, обично за државна установа.
Англиски: palace Албански: pallatë
раскошна богата куќа
Англиски: mansion Албански: pallatë

палир повеќе

мн. палири
Вид збор: Именка, машки род
Раководител на ѕидари и други работници на некоја градба.
Англиски: foreman

панел повеќе

мн. панели
Вид збор: Именка, машки род
Дрвена облога или обоен долен дел од ѕидот, таванот, вратата и др.
Англиски: panel, board

пантеон повеќе

пантеонот
Вид збор: Именка, машки род
Зграда во која се чуваат земните останки на знаменити луѓе.
Англиски: pantheon Албански: panteon

паперта повеќе

мн. паперти
Вид збор: Именка, женски род
Отворен трем пред главниот влез во црква.
Англиски: parvis

параклис повеќе

мн. параклиси
Вид збор: Именка, машки род
Црквиче во кое не се служи литургија.
Англиски: chapel

парапет повеќе

мн. парапети
Вид збор: Именка, машки род
Ограда на мост, скали.
Англиски: parapet

пардија повеќе

мн. пардии
Вид збор: Именка, женски род
Неизделкана штица за селска ограда и за покрив.
Турски: pardı

парк повеќе

мн. паркови
Вид збор: Именка, машки род
градина со шеталиште
Англиски: park Албански: park
Голем предел што е ставен под државна заштита поради природните убавини или ретката флора и фауна.
Англиски: park Албански: park

паркет повеќе

мн. паркети
Вид збор: Именка, машки род
Штичиња за под.
Англиски: parquet Албански: parket
Самиот под со такви штичиња.
Англиски: parquet Албански: parket

паркетар повеќе

мр. паркетари
Вид збор: Именка, машки род
Работник што прави, мести и чисти паркет.
Англиски: parquet recliner

паркче повеќе

Види и: парк (м.)
мн. паркчиња
Вид збор: Именка, среден род
мал парк

пармак повеќе

мн. пармаци
Вид збор: Именка, машки род
Колец од ограда на скали, балкон, чардак и сл.
Англиски: pole Турски: parmak

пармаклак повеќе

мн. пармаклаци
Вид збор: Именка, машки род
Ограда од пармаци
Англиски: fence Турски: parmaklık

партер повеќе

(едн.) партерот
Вид збор: Именка, машки род
приземје на куќа
Англиски: ground floor Француски: parterre Албански: parter, kat përdhes

парцела повеќе

мн. парцели
Вид збор: Именка, женски род
Обележано парче земјиште за определена намера.
Англиски: lot

парцелација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Распарчување на земјата во парцели.
Англиски: parcel out

парцелира повеќе

парцелират
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши парцелација.
Англиски: parcel

парцелирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Делење во парцели.

пасаж повеќе

мн. пасажи
Вид збор: Именка, машки род
Покриена уличка со продавници, тесен премин под куќа од една улица до друга улица.
Англиски: passage Албански: pasazh

патос повеќе

(едн.) патосот
Вид збор: Именка, машки род
Под од штици.
Англиски: floor Албански: dysheme

патријаршија повеќе

мн. патријаршии
Вид збор: Именка, женски род
Седиштето, зградата, на патријархот.
Албански: patrikanë

пенџере повеќе

мн. пенџериња
Вид збор: Именка, среден род
прозорец
Англиски: window Турски: pencere

пенџерче повеќе

Види и: пенџере (ср.)
мн. пеџерчиња
Вид збор: Именка, среден род
пенџере
Англиски: window

перваз повеќе

мн. первази
Вид збор: Именка, машки род
Издаден раб, рамка на прозорец, слика и др.
Англиски: windowsill Турски: pervaz
Примери:
Первазот од вратата е оштетен.

пердаши повеќе

пердашат
Вид збор: Глагол, несвршен
малтерисува
Англиски: roughcast Албански: horosan, suvatoj

пердашка повеќе

мн. пердашки
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена табла со рачка од долната страна за малтерисување.

перистил повеќе

мн. перистилови
Вид збор: Именка, машки род
Простор, трем, ходник со столбови, со колонада.
Англиски: peristyle

периферија повеќе

мн. периферии
Вид збор: Именка, женски род
Крај оддалечен од центарот
Англиски: suburb Албански: periferi
Примери:
За град - предградие.

перлит повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Градежен материјал за изолација.
Англиски: perlite

пескар повеќе

мн. пескари
Вид збор: Именка, машки род
Работник кој со помош на млаз песок мазни или обликува некоја површина.
Албански: zallëxhi

пескари повеќе

пескарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Во градежништвото - чисти рѓа од железо со кварцен песок под притисок.
Англиски: sandblast

песок повеќе

мн. песоци
Вид збор: Именка, машки род
градежен материјал
Англиски: sand Албански: rërë, zall

песочник повеќе

мн. песочници
Вид збор: Именка, машки род
Вид камен со песочни зрна.
Англиски: sandstone Албански: gur ranor
Примери:
Слој од песочник.

петар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Над таван во секоја куќа.
Англиски: attic Албански: hapsirë në tavan

петкатен повеќе

петкатна
Вид збор: Придавка
Што е на пет ката.
Примери:
Петкатна зграда.

петкатница повеќе

мн. петкатници
Вид збор: Именка, женски род
Зграда на пет ката.

петособен повеќе

петособна
Вид збор: Придавка
Што е со пет соби.
Примери:
Петособен стан.

пиедестал повеќе

мн. пиедестали
Вид збор: Именка, машки род
Основа, подножје на споменик.
Англиски: pedestal Албански: piedestal, bazament

пијавица повеќе

мн. пијавици
Вид збор: Именка, женски род
Помала железна прачка со две куки на краиштата - за зацврстување греди, камени плочи на мостови и сл.
Англиски: iron rod Албански: shufër hekuri

пирамида повеќе

мн. пирамиди
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена или железна градба на врв на планина од која (градба) се гледа убаво на сите страни.

писаж повеќе

мн. писажи
Вид збор: Именка, машки род
Покриена уличка со дуќани со премин под куќа од улица в улица.
Англиски: passage Албански: pasazh, kalim

плакар повеќе

мн. плакари
Вид збор: Именка, машки род
Вграден орман в ѕид.
Англиски: closet

план повеќе

мн. планови
Вид збор: Именка, машки род
Цртеж, приказ во рамнина.
Англиски: map Албански: plan

планетариум повеќе

мн. планетариуми
Вид збор: Именка, машки род
Зграда со таква направа.
Англиски: planetarium Албански: planetarium

плато повеќе

мн. платоа
Вид збор: Именка, среден род
Рамнина пред некој објект.
Англиски: plateau Француски: plateau Албански: rrafshinë

плафон повеќе

мн. плафони
Вид збор: Именка, машки род
таван
Англиски: ceiling Француски: plafond Албански: plafon, tavan

плац повеќе

мн. плацови
Вид збор: Именка, машки род
Обично во значење: место за градење.
Англиски: place Германски: Platz

плет повеќе

Види и: плот (м.)
мн. плетови
Вид збор: Именка, машки род
Ограда од преплетени прачки.
Англиски: fence
Примери:
(разг.) Жив плет, жива ограда.

плитар повеќе

мн. плитари
Вид збор: Именка, машки род
непечена тула
Англиски: clay brick

плитарница повеќе

мн. плитарници
Вид збор: Именка, женски род
Тулана во која се прави плитар.

плотеница повеќе

мн. плотеници
Вид збор: Именка, женски род
Куќа чии ѕидови на горниот кат се плотови премачкани со кал.
Англиски: half-timbered house

плотица повеќе

мн. плотици
Вид збор: Именка, женски род
Штици од кои се прави ограда.

плочка повеќе

мн. плочки
Вид збор: Именка, женски род
Керамичка плоча за на ѕид или под.
Англиски: tile Албански: pllakë

плочкар повеќе

мн. плочкари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што поставува плочки.
Англиски: tiler

плочник повеќе

мн. плочници
Вид збор: Именка, машки род
Тротоар, особено поплочен со плочки.
Англиски: pavement

плошт повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Широко рамно место.
Англиски: field

плоштад повеќе

мн. плоштади
Вид збор: Именка, машки род
Пошироко рамно место во град окружено со згради и др.
Англиски: square Албански: shesh

плоштатка повеќе

мн. плоштатки
Вид збор: Именка, женски род
мал плоштад
Англиски: squer

пљумпе повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Зидарска алатка.
Англиски: plumb Албански: vegël muratorie

повеќекатен повеќе

повеќекатни
Вид збор: Придавка
Што има повеќе катови.
Англиски: multistorey

под повеќе

мн. подови из. мн. пода
Вид збор: Именка, машки род
Долната рамна површина на просторија по која се оди.
Англиски: floor

подвозник повеќе

мн. подвозници
Вид збор: Именка, машки род
Подземен премин, премин за луѓе и возила под јавна сообраќајница.
Англиски: underpass

поден повеќе

Види и: под (м.)
подниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на под.
Англиски: floor

подземје повеќе

мн. подземја
Вид збор: Именка, среден род
Просторија што е под површината на земјата.
Англиски: basement Албански: bodrum

подземница повеќе

мн. подземници
Вид збор: Именка, женски род
Просторија или куќа што се наоѓа подземи.

подѕида повеќе

Види и: ѕида (несв.)
подѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткрепи со ѕид, ѕида од долната страна.
Англиски: build

подѕидок повеќе

мн. подѕидоци
Вид збор: Именка, машки род
Низок ѕид што служи за потпора на нешто.

подлога повеќе

мн. подлоги
Вид збор: Именка, женски род
Основа, темел, база на што се гради објект, се поставува нешто друго.
Англиски: base Албански: bazë

подножје повеќе

мн. подножја
Вид збор: Именка, среден род
Долен дел на некој предмет.
Англиски: pedestal Албански: piedestal, bazament

подрум повеќе

мн. подруми
Вид збор: Именка, машки род
Долниот, обично подземен, дел на една куќа или зграда.
Англиски: basement Турски: bodrum

пожарна повеќе

мн. пожарни
Вид збор: Именка, женски род
зграда на противпожарна служба
Англиски: fire department Албански: zjarrfikës

појата повеќе

мн. појати
Вид збор: Именка, женски род
Незаграден дел од селска куќа со покрив (трем, летна кујна).

покрив повеќе

мн. покриви
Вид збор: Именка, машки род
Горниот дел од куќата што ја заштитува и покрива.
Англиски: roof Албански: kulm
Простор за живеење на горниот дел од куќата, под покривот.
Англиски: attic Албански: nënkulm

покрие повеќе

покријат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави покрив.
Англиски: thatch Албански: mbuloj

покуќнина повеќе

мн. покуќнини
Вид збор: Именка, женски род
Мебелот и сите предмети во една куќа.
Англиски: household

полата повеќе

мн. полати
Вид збор: Именка, женски род
Определен отворен простор во куќа што служи за седење летно време.
Англиски: pergola

полесок повеќе

мн. полесоци
Вид збор: Именка, машки род
Ѕид на ограда.
Албански: mur rreth gardhit
Материјал со кој се покрива ѕид на ограда, керамиди, плочи и сл.
Албански: pllaka për kulm gardhi

полиција повеќе

мн. полиции
Вид збор: Именка, женски род
Управна зграда на таа служба.
Англиски: police

полнетица повеќе

мн. полнетици
Вид збор: Именка, женски род
Во ѕидарството - ѕид од набиена земја меѓу два реда (облоги) од штици; набиен земјен под.
Англиски: casing

полукат повеќе

мн. полукатови
Вид збор: Именка, машки род
Понизок кат меѓу два повисоки; кат меѓу приземјето и првиот кат.
Англиски: mezzanine

поплочен повеќе

поплочениот
Вид збор: Придавка
Што е покриен, обложен со плочки.
Англиски: tiled

поплочи повеќе

поплочат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, обложи со плочки.
Англиски: tile

портал повеќе

мн. портали
Вид збор: Именка, машки род
Раскошно украсен главен влез во црква; главна врата.
Англиски: portal Албански: portë

портик повеќе

мн. портици
Вид збор: Именка, машки род
Покриен ходник со столбови; трем со колонада.
Англиски: portico

постамент повеќе

мн. постаменти
Вид збор: Именка, машки род
Основа врз која е поставен споменик, статуа, биста, столб.
Англиски: pedestal

построи повеќе

постојат
Вид збор: Глагол, свршен
изгради
Англиски: build Албански: ndërtoj

постројка повеќе

мн. постројки
Вид збор: Именка, женски род
груба градба
Албански: ndërtim

поткровје повеќе

мн. поткровја
Вид збор: Именка, среден род
Стан под покривот на куќа или зграда.
Англиски: attic Албански: nënkulm
Просторија под покривот на куќата.
Англиски: attic Албански: nënkulm

потон повеќе

мн. потони
Вид збор: Именка, машки род
визба, подрум
Англиски: cellar Албански: bodrum, qilar

потпокрив повеќе

мн. потпокриви
Вид збор: Именка, машки род
Просторот под покривот на куќата.
Англиски: attic

потпор повеќе

мн. потпори
Вид збор: Именка, машки род
Дирек, столб, драг за потпирање.
Англиски: pillar Албански: shtyllë mbështetëse

потпорка повеќе

Види и: потпор (м.)
мн. потпорки
Вид збор: Именка, женски род
Помал потпор.
Англиски: buttress

потпорник повеќе

Види и: потпора (ж.)
мн. потпорници
Вид збор: Именка, машки род
потпор, потпорен столб
Англиски: buttress

потстрешник повеќе

мн. потстрешници
Вид збор: Именка, машки род
Простор под стреа на селска куќа.

пошта повеќе

мн. пошти
Вид збор: Именка, женски род
Зградата во која е сместена таква установа.
Англиски: postal office Албански: posta

праг повеќе

мн. прагови
Вид збор: Именка, машки род
Дебела греда (од дрво, камен или метал) што лежи пред долниот дел од вратата.
Англиски: threshold Албански: prag

пратеништво повеќе

мн. пратеништва
Вид збор: Именка, среден род
Зградата во која се наоѓа такво претставништво.
Англиски: legation Албански: legacion

преводница повеќе

мн. преводници
Вид збор: Именка, женски род
Систем од брани на река или канал со кои се пребродува разликата на нивото на водата и преку кои минуваат пловни објекти.
Англиски: lock, sluice

преграда повеќе

мн. прегради
Вид збор: Именка, женски род
Ѕид, ограда што дели некаква просторија, што одделува еден простор од друг.
Англиски: wall Албански: veçoj
Просторија, простор зад таков ѕид и сл.
Англиски: mock wall Албански: tallen mur

предворие повеќе

мн. предворија
Вид збор: Именка, среден род
Влезна просторија на куќа, зграда, стан и др.
Англиски: entrance

предградие повеќе

мн. предградија
Вид збор: Именка, среден род
Населено место во близината на поголем град.
Англиски: suburb
Примери:
Живееше во една трошна куќа во предградието.

преѕида повеќе

преѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изѕида повторно, уште еднаш нешто што е урнато, разрушено.
Англиски: rebuild Албански: muratoj rishtaz
Изѕида, ѕида поинаку, на друг начин.
Англиски: reconstruct Албански: rindërtoj
Загради, оддели со ѕид.
Англиски: separate Албански: ndaj, separoj

пренаселен повеќе

пренаселени
Вид збор: Придавка
За град, област - што има премногу жители, што е густо населен.
Англиски: overpopulated

пренасели повеќе

пренаселат
Вид збор: Глагол, свршен
Насели, град, област со повеќе жители од можностите да бидат прифатени за вработување и нормален живот.
Англиски: overpopulate

преноќевалиште повеќе

мн. преноќевалишта
Вид збор: Именка, среден род
Место, градба во која се преноќева.
Англиски: hostel Албански: bujtinë

препокрие повеќе

Види и: покрие (св.)
препокријат
Вид збор: Глагол, свршен
Смени, обнови покрив на куќа, зграда.
Албански: rimbuloj, ndërroj kulm

претсобје повеќе

мн. претсобја
Вид збор: Именка, среден род
Простор во кој се влегува од врата во стан или во куќа, обично со врати што водат во другите преостории.
Англиски: anteroom

префектура повеќе

Види и: префект (м.)
мн. префектури
Вид збор: Именка, женски род
Служба на префект; управна зграда, канцеларија на префект.

пригради повеќе

приградат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде нешто кон веќе изграден објект.
Англиски: add

приградски повеќе

приградска
Вид збор: Придавка
Што се наоѓа предградие, што е блиску до градот.
Англиски: suburban

приземје повеќе

мн. приземја
Вид збор: Именка, среден род
Дел од куќа, зграда што се наоѓа близу до површината на земјата, под катот.
Англиски: ground floor Албански: përdhes

приѕида повеќе

Види и: ѕида (несв.)
приѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде нешто со ѕидање кон веќе изѕидано.

припрата повеќе

мн. припрати
Вид збор: Именка, женски род
Предворие пред црква.
Англиски: narthex

проектант повеќе

мн. проектанти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што изработува, составува проекти.
Англиски: project manager

проектантски повеќе

проектантска
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на проектант.

прозорец повеќе

мн. прозорци
Вид збор: Именка, машки род
Отвор во ѕид низ кој влегува светлина и воздух заедно со рамката и стаклото со којшто тој отвор се затвора.
Англиски: window Албански: dritare, penxhere

променада повеќе

мн. променади
Вид збор: Именка, женски род
Пат или патека за шетање украсена со дрвја или убави објекти.
Англиски: promenade

проспект повеќе

мн. проспекти
Вид збор: Именка, машки род
Широка улица, авенија.
Англиски: avenue Албански: bulevard

просторија повеќе

мн. простории
Вид збор: Именка, женски род
Дел од внатрешноста на куќа или зграда ограничен со ѕидови или прегради, под и таван.
Англиски: room Албански: dhomë, odë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш